СА-МО 
Бионатура
НАЈДОБРОТО ОД ПРИРОДАТА ЗА ВАС
     ПРОИЗВОДСТВО      СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ   нуди широк асортиман на висококвалитетни производи. Високо квалитетните суровини се пресудни за природниот вкус и квалитет на производите. СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ своите производи ги подготвува од квалитетни суровини, кои се преработуваат во најкраток можен рок по нивната берба, со цел да се осигураме во свежината на суровините кои ги употребуваме. Во производниот  процес, сите земјоделски површини од кои се снабдуваме се лоцирани на оддалечеост не повеќе од 30 км. од преработувачкиот капацитет.  На тој начин воспоставуваме контрола над сите процеси и материјали во производствениот процес, а со тоа и на квалитетот на производите.           Водени со идеја да обезбедиме квалитетни суровини и да ги преработиме на начин на којшто ќе го зачуваме нивниот природен карактер и квалитет, СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ  е лоцирана во село Блатец. Нашиот преработувачки капацитет практикува современи стандарди за управување со квалитетот и безбедноста на производите, како и строги мерки за минимизирање на влијанијата врз животната средина. Во процесот на преработка на суровините практикуваме традиционални методи и внимателно ракување со истите.     
СА-МО Бионатура Блатец Македонија
ПРЕРАБОТКА