СА-МО 
Бионатура
НАЈДОБРОТО ОД ПРИРОДАТА ЗА ВАС
     ДЕЛОВНИ ВРЕДНОСТИ      СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ е компанија во која меѓу вработените и претпоставените владее меѓусебна почит, во фер атмосфера. Нашите вработени владеат со охрабрувачки дух со кој продолжуваат долгорочните односи, а исто така се охрабрувани, поддржувани праведно наградени. На добавувачите на суровини им се обезбедува фер партнерство имајќи ја во предвид  социјалната и економската состојба во нивните региони. Ние ги цениме нашите потрошувачи и ги почитуваме нивните очекувања, сугестии и критики. Потребите на нашите потрошувачи ги водат нашите постапки во подобрување или промена на некој од нашите производи со кои ги снабдуваме. Определбата на компанијата е на нашите потрошувачи да им понудиме најдобра услуга, најдобар квалитет и најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот. Со внимателниот избор и употреба на суровини како и преку другите постапки вклучени во процесите на производство и дистрибуција, нашите локални активности придонесуваат кон глобалниот учинок во заштитата на животната средина. Свесни сме за потребата за заштита на животната средина и потребата од постоење на општествена одговорност.            
СА-МО Бионатура
2314 Блатец, Македонија
Тел:
00389 70 927 728 00389 33 371 451
Факс:
00389 33 371 012
E-mail:
samobionatura@gmail.com
СА-МО Бионатура Блатец Македонија