СА-МО Бионатура ДООЕЛ e фамилијарна компанија од село Блатец, место во непосредна близина на Виница, основана во 2009 година од страна на г-дин и г-ѓа Филипов. Брачниот пар Филипов заедно работеа во Италија повеќе од 15 години, каде што го стекнаа потребниот капитал, знаење и искуство и се вратија во своето родно село и основаа бизнис за преработка на храна.
Фабриката се простира на 1.100 квадратни метри кои се користат за производство, складишниот простор се простира на 400 м2 и двор од 5000 квадратни метри.
Компанијата во 2016 година имплементира сертификат за органско производство на своите производи.
Во 2019 година со консултантска помош на ЕБОР, компанијата креира нови етикети на своите производ, нов веб сајт и други пропагандни материјали се со цел да се развие сопствен бренд и избори подобра позиција на пазарот, како домашен така и странски пазар,
Компанијата е основана врз основа на долгорочното искуство во конзервната индустрија. Местоположбата нуди голем асортиман на земјоделски производи со одлична репутација и се добро познати поради високиот квалитет кој се должи на единствените климатски услови, неиндустријалинизираниот начин на производство и големиот број сончеви денови.
Од таа причина за нашите преработени производи обезбедуваме висококвалитетна суровина. За да се обезбедат доволни количини на земјоделски суровини за нашиот преработувачки капацитет, компанијата координира и раководи со производството на повеќепроизводни површини во близина на преработувачкиот капацитет во радиус од 20 – 30 км
СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ константно инвестира во развој на нови производи и подобрување на самите производи со цел да се задоволат и најпребирливите потрошувачи. Развојот и производството на одредени производи произлегува по иницијација на самите потрошувачи.Секој производ пред почетокот на редовно производство се дегустира и коментира од страна на случајно избрани потрошувачи со цел да се добие реален впечаток и насока за подобрување на нашите производи.
Мотото на компанијата е константното подобрување и контролирање на квалитетот во производствените процеси и производи. Секој производ е подготвен со внимание и посветеност кон квалитетот и традицијата.